Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Одлуките на директорите се последица на паниката на Арсовска дека никој не сака да соработува со градоначалничка

од Берта Китинска

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје денеска излезе со изјава во која се вели дека антидатирањето на бројчиња во архива е кривично дело.

Според нив, директорите даваат оставки поради неспособноста на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

„Вчера Арсовска на прес конференција ги пофали директорите на јавните претпријатија дека се на ниво на задачата и дека одлично ја извршуваат, а денес лаже кога вели дека ги разрешува поради несоодветно работење. Ниту понуда од Арсовска до директорите за доброволно заминување, ниту барање за оставка имало. Ја потсетуваме Арсовска дека антидатирањето бројчиња во архива е кривично дело, а лажењето на јавноста е лицемерие кое скопјани не го заслужуваат. Одлуките на директорите се последица на паниката на Арсовска дека никој не сака да соработува со градоначалничка која очигледно не е способна да донесе резултати кои ги вети. Ваквиот чекор е доказ дека власт по секоја цена и преку газење на принципи не е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ. Функцијата значи одговорност спрема граѓаните“, велат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини