Советник на Зеленски: Ако Русија не загуби, почнува Трета светска војна

од Stefanija Kuzmanovska

Русија мора да биде поразена во Украина или конфликтот во таа земја ќе предизвика Трета светска војна, изјави денеска Михаил Подољак, украинскиот преговарач и советник на украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Во интервју за украинската телевизија, Подољак предупреди дека „рускиот реваншизам и шовинизам само ќе нараснат“ доколку Русија ја загуби војната во Украина.

„Тоа ќе доведе до Трета светска војна, а тоа е нешто за што западните земји се свесни и затоа ќе испратат повеќе оружје во Украина“, рече Подољак.

Слични содржини