Советникот на Ѓукановиќ доведен на суд со лисици, а потоа пуштен да се брани од слобода

од Nikola Popovski

Веселин Вељовиќ, советник на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и поранешен директор на црногорската полиција, беше пуштен да се брани од слобода, откако истражен судија во Основниот суд Цетиње не го прифати предлогот на обвинителството да му одреди притвор до 30 дена.

Обвинителството за Вељовиќ се сомнева дека за време на вчерашните протести по повод устоличувањето на митрополитот Јоаникије во Цетиње, тој сторил кривично дело напад на службено лице при вршење службени должности.

Поранешните колеги го извадија Вељовиќ од полициското комбе со лисици на рацете на распит во Основниот суд.

Шефот на Основното државно обвинителство (ОДТ) на Цетиње, Душко Милановиќ, денеска порано објави дека Веjовиќ ќе биде изведен пред истражен судија.

Претходно, обвинителството му одреди притвор до 72 часа поради опасност од повторување на делото и страв дека ќе може да влијае врз сведоците со тоа што ќе остане на слобода.

Слични содржини