Советникот на Трамп, Роџер Стоун осуден на 40 месеци затвор

од Aleksandar Petrovski
 Роџер Стоун, долгогодишниот советник и сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, е осуден на 40 месеци затворска казна.
Стоун во ноември мината година беше прогласен за виновен по седум точки од обвинение за лажење на Конгресот, спречување на процесот и злоупотреба на сведоци.
Тој е шестиот помошник на Трамп осуден поради истрагата на Роберт Милер за наводни зделки меѓу Русија и членови на кампањата на Трамп за време на изборите во 2016 година, пренесува Би-Би-Си.
Судиката Ејми Берман Џексон рече дека Стоун и се заканувал, додека тој тврди дека целата постапка против него е политички мотивирана.
Трамп, пак, најави дека можеби ќе го помилува својот сојузник.

Слични содржини