Советот на амбасадори ги поздравува залгањата на идниот Самит да се отвори прашањето и да се додели датум за преговори

од Ивана Рамаданова

Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори„ ги поздравува залагањата на европските лидери, на американскиот државен секретар Мајк Помпео, како и на политичарите од повеќе европски политички провиниенции и интелектуалци на наредниот самит на Европскиот Совет, кој ќе се одржи во март идната година, Унијата повторно да го разгледува прашањето на проширување и на Република Северна Македонија и Република Албанија им се одреди датум за започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Здружението во соопштението до медиумите посебно ја поздравува подготвеноста на претседателот Емануел Макрон изразена во неговото интервју во „Тhe Economist„ дека тој е подготвен дури и на наредниот Самит да им даде зелено светло за датум за преговори на Република Северна Македонија и Република Албанија ако Унијата успее да ги направи потребните реформи и напоредно со тоа ако овие две земји-кандидатки, покажат напредок во исполнување на бараните реформи.

Советот на Амбасадори го прифаќа уверувањето дека на ЕУ и се потребни длабоки реформи со цел на нејзино поуспешно функционирање и поголем економски просперитет и е длабоко убеден дека Република Северна Македонија, како и многу пати досега ќе ги исполни потребните и барани реформи на домашен план.

Здружението „Совет на Амбасадори„ и овој пат, ги повикува земјите членки на ЕУ, посебно тие кои поради една или друга причина имале одредена резерва околу проширувањето за некоја земја кандидат, да максимално се залагаат Република Северна Македонија и Албанија добијат  датум за започнување на преговорите, што несомнено ќе придонесе за стабилизација на севкупните односи не само во европскиот регион Заападен Балкан, туку и пошироко

Слични содржини