Советот на амбасадори не верува дека изјавата на Вархеји може да биде став на ЕУ

од Nikola Popovski

Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ е загрижено и вчудовидено по најавата на Вархеји дека е можно Албанија сама да го продолжи патот кон ЕУ, доколку Македонија и Бугарија не најдат заеднички јазик во решавањето на спорот околу идентитетските прашања.

„Совет на Амбасадори не верува дека изнесениот условен став на комесарот Вархеји може да биде и став на Унијата. По ова проблематика пред две години негативно се изјаснија некои земји членки на Унијата  и не веруваме дека постојат сериозни причини ЕУ да го промени ставот. Совет на Амбасадори  е на ставот дека прогресот кон полноправното членство во Унијата на земја кандидат не смее да биде во заложништво на ветото на една земја членка кога се однесува до билатералните нерешени прашања“, велат од здружението.

Тие го повикуваат еврокомeсарот и неговата матична земја како и лидерите на  другите земји членки на Унијата да  вложуваат максимални напори оваа година конечно да се оддржи меѓувладината конференција и земјата да зачекори кон побрзото интегирање во ЕУ.“, се вели во соопштението од Советот на Амбасадори.

Вархеји за Еуроњуз вели дека ако продолжи застојот во случајот со С. Македонија, ќе се разгледа можноста Албанија сама да продолжи на европскиот пат.

„Ако повторно наидеме на тешкотии со Северна Македонија, што значи дека не сме успешни во убедувањето на Бугарија и Северна Македонија за обострано прифатливо решение, тогаш прашањето е дали можеме да одиме напред само со Албанија. И ќе мора да го разгледаме тоа прашање“, рече Вархеи.

За тоа дали формалното „раздвојување“ е опција, тој одговори: „Да, тоа би можело да биде опција“.

Слични содржини