Советот на Европа: Косово поднесе кандидатура, Комитетот ја разгледува

од Stefanija Kuzmanovska

Од Советот на Европа за „Танјуг“ потврдија дека го добиле барањето на приштинските институции за членство, но наведуваат дека во овој момент не можат да предвидат натамошна постапка за конкретниот случај.

„Можеме да потврдиме дека апликацијата за членство е примена и проследена до Комитетот на министри во согласност со Статутот на Советот на Европа“, се вели во соопштението испратено до „Танјуг“ од Стразбур.

Статутот на Советот на Европа предвидува одлуката за членство да се носи со двотретинско мнозинство во Комитетот на министри.

Слични содржини