Советот за безбедност на ОН денеска одржува итна седница за Запорожје

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претставник во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов, вчера изјави дека Русија побарала итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации на која ќе се разговара за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје.

Седницата ќе се одржи денеска во Њујорк, јави Би-Би-Си.

Во март 2022 година, руските сили го зазедоа Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа со шест реактори кои се активни, а централата сега работи со капацитет од 70 отсто.

Слични содржини