Советот за безбедност при ОН ја осуди севернокорејската ракетна проба

од desk3

Советот за безбедност при ОН ја осуди како “многу провокативна” ракетната проба на Северна Кореја, со која балистичкиот проектил ја надлета Јапонија. Советот за безбедност го повика Пјонгјанг веднаш да преземе мерки за да ја покаже својата посветеност на денуклеаризација на Корејскиот полуостров, пренесе АП.

Во соопштението по вонредниот состанок на Советот за безбедност се наведува дека сите 193 членки на ОН мораат во “потполност, целосно и веднаш”, да ги применат сите санкции на ОН. Советот за безбедност го “потенцира значењето на работата за смалување на тензиите на Корејскиот полуостров” и го повторуваат значењето на одржувањето на мирот и стабилноста на тој полуостров.
Во соопштението се поздравуваат напорите на членките на Советот за безбедност при ОН и на другите земји да развиваат “мирно и опфатно решение”, низ дијалог за прашањето на севернокорејскиот нуклеарен програм.

 

Слични содржини