Совршен пудинг од ориз, цимет и портокал (РЕЦЕПТ)

од Elena Daskalova

Овој десерт се подготвува слично како турскиот сутлијаш, со таа разлика што можете да експериментирате и со зачини и со ароми кои ви се допаѓаат.

Потребни состојки:

200 мл млеко
100 мл вода
100 мл сок од портокал
2 лажици екстракт од ванила
Една шолја ориз
3 лажици мед
Една лажичка цимет
Една лажичка мелен ѓумбир
Изрендана кора од еден портокал
Прстофат сол

Подготовка:

Измешајте ги млекото, водата и сокот од портокал. Додадете ја ванилата, солта и оризот и варете на тивок оган. Кога ќе проврие, намалете ја температурата, покријте го садот до половина и гответе додека да се згусне.

Настрана измешајте ги медот, ѓумбирот, циметот и кората од портокал. Прелијте врз пудингот и измешајте лесно.

По желба, можете да додатете повеќе или помалку од наведените зачини, во зависност од тоа каков вкус сакате да постигнете.

Слични содржини