Создадена е пластика која може неограничено да се рециклира

од desk2

Од 2015 година до денес во САД е рециклирана само 10% од пластиката која се искористела, поради многуте видови на пластика кои не се погодни за рециклажа.

Сега, научниците од лабораторијата во Беркли откриле пластика за која тврдат дека може да се рециклира неограничено. Токму тоа е можеби она што ќе му помогне на светот да се ослободи од пластиката, пишува енаука.

Сите пластични маси се состојат од молекули на полимери, кои содржат мономерни соединенија.

Обично во пластиката се додаваат хемикалии кои им даваат некакви својства, како на пример цврстина и флексибилност. Тие пак, цврсто се врзуваат за мономерите, и хемикалиите остануваат во нив дури и откако пластикаа ќе помине низ процесот на рециклажа,

Проблемот е во тоа што производителите користат рециклирани мономери за правење нова пластика. Притоа, конкретно не знаат кои се својствата од изворната пластика кои можат да останат во неа.

Во студијата, објавена во списанието Nature, тимот од Беркли го опишува создавањето на новите видови полидикетоенамин или PDK пластика.

Врските помеѓу адитивите и мономерите се реверзибилни, а не трајни. Се раствораат кога материјалот ќе се стави во кисел раствор. Тоа на експертите им овозможило користење на обновени мономери за рециклирање на пластика која не покажала исти својства како рециклираната пластика.

Ова откритие претставува голем успех. Особено кога ќе земеме во предвид дека некои разградливи вреќички се пронајдени во неразградена состојба на дното на морето.

Слични содржини