„Space Jam 2“ носи пари – Леброн стана милијардер

од Stefanija Kuzmanovska

Играчот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс е среде голем проект, кој нема врска со кошарката – филмот „Space Jam 2“, во кој кошаркарот од Охајо ја игра главната улога. Тој започна да се прикажува во киносалите ширум САД и покрај слабите критики, достигнаа одлична гледаност.

Џејмс, кој е и продуцент на продолжението на „Вселенска кошарка“, објави на Твитер дека филмот заработил 32 милиони долари за време на првиот викенд на емитување.

Поранешниот кошаркар на Кливленд и Мајами стана првиот кошаркар на НБА-лигата кој во текот на својата кариера надминал милијарда долари заработка, со што го надмина Мајкл Џордан. Популарниот ЕмЏеј во моментов е „тежок“ повеќе од две милијарди долари, но поголемиот дел од таа сума „пристигна“ на неговите банкарски сметки на крајот од неговата кариера.

Од влегувањето во НБА во 2003 година, Џејмс заработи 330 милиони долари од договори со НБА, а спонзорствата надвор од паркетот се проценуваат на околу 700 милиони долари. Некои од компаниите што ги рекламира Леброн се AT&T, Bits, Blaze Pizza, GMC, Nike, PepsiCo и Walmart.

Најблиску до Леброн од активните играчи на НБА е Кевин Дурент, чие богатство се проценува на 580 милиони долари. Џејмс е единствениот спортист кој стана милијардер во текот на својата кариера, заедно со Тајгер Вудс, Флојд Мејведер, Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Роџер Федерер, пренесе „Yahoo Sports“.

Слични содржини