Space X сака да испраќа луѓе и подалеку од Марс – во друга галаксија

од desk2

На овогодинешната TED конференција во Ванкувер, претседателот на Space X, Гвин Шотвел, за прв пат на јавноста им ја претстави новата уште поамбициозна визија на оваа компанија од праќање на луѓе на Марс.

Шотвел рече дека компанијата не планира да застане на лансирање на ракети до Марс, Сатурн или Плутон, туку сака да биде првата која тоа ќе го стори во други галаксии.

Space X исто така се надева дека ќе успее да стапи во контакт „со кој било да се наоѓа таму“, мислејќи на вонземјани.

Елон Маск, директорот на Space X и Tesla, кој минатиот месец лансираше автомобил во вселената, изјави дека Space X може да патува надвор од Марс до далеките планети на Сончевиот систем со помош на низа на планетарни „станици“, кои би можеле да овозможат патување се до Плутон.

Но, Шотвел најави дека компанијата е подготвена да патува до други делови од галаксијата и дека нивна крајна цел е да пронајдат некој облик на живот во друга галаксија.

Маск изјави дека вселенските бродови на Space X ќе полетаат до соседната планета веќе во 2022 година и дека првите луѓе ќе бидат испратени само две години подоцна, 2024 година.

Сепак, Шотвел тој период го продолжи на десет години и додаде дека целта на истражувањето на Марс не е само да се создадат услови за евентуално преселување на луѓе таму ако тоа биде потребно, туку да се отвори и патот кон истражување на нови галаксии.

„Ако нешто и се случи на Земјата, ќе мораме да ги преселиме луѓето на некое друго место“, вели таа.

„Мислам дека би требало да пронајдеме повеќе алтернативни одредишта за да преживееме, а ова е едно од нив. Марс е во ред, но е половно решение“, објасни таа.

Со просечна температура на површината од околу 62 степени Целзиусови и силни ветрови, условите за живот на Марс би биле исклучително тешки за луѓето.

Слични содржини