„Спајс грлс“, без Викторија Бекам, ја започнаа турнејата

од Vlatko K

Четири од петте пејачки на „Спајс грлс“ ја започнаа долгоочекуваната турнеја синоќа од Даблин.
„Спајс грлс“, но без Викторија Бекам, го отвори својот прв од 13 концерти со песната Spice Up Your
Life и шоу со огномет. Ема Бантон, Гери Хорнер, Мелани Браун и Мелани Чизхолм се појавија
повторно заедно на сцена, за прв пат по седум години.

Во февруари, речиси дваесет години откако се разделија, изведувачите на познатата група
потврдија дека планираат да се соберат за нови проекти. Тие беа на врвот на
својата слава во 1996 година со песната Wannabe и во наредните години направија неколку светски
хитови и филм.

Се разделија во 2000-та година, во 2008-та се собраа за турнеја низ Европа и САД и за последно
пееја заедно на церемонијата за затворањето на Олимпијада во 2012 година. Бекам беше со нив во
двата наврати. Таа не учествува на оваа турнеја, но вчера, во Инстаграм, им посака „среќа на
девојките“, објави Ројтерс.

Слични содржини