Актуелно
Почетна / Спорт / Спалети одбил да го преземе Наполи, има договор со Интер

Спалети одбил да го преземе Наполи, има договор со Интер

Поранешниот тренер на Интер, Лучано Спалети одби да го преземе Наполи.

Постот му го предложил сопственикот на „неаполитанците“ Аурелио де Лаурентис, но Спалети не ја прифатил понудата бидејќи има договор со „нероазурите“, иако тој повеќе не е тренер.

Стратегот добива 5 милиони евра годишно, а договорот е во сила до летото 2021 година.

Во моментов Наполи е предводен од Карло Анчелоти, но неговата позиција е под знак прашалник откако ја зазеде страната на играчите во скандалот со сопственикот.

Поранешниот тренер на Милан, Џенаро Гатузо, исто така, е поврзуван со Наполи.

loading...