Спасов: Ахмети пак манипулира, зошто Заев не е повикан на одбележувањето 19 години Рамковен договор

од Nikola Popovski

Универзитетскиот професор и поранешен дипломат, Ѓорѓи Спасов на својот Фејсбук профил објави дека Ахмети пак манипулира.

„Али Ахмети со повик до лидерите на партиите на етничките Албанци во Македонија на заеднички состанок на денот на потпишувањето на Рамковниот договор, прави перфиден обид тој ден да го промовира во Ден на победата на Албанците врз Македонците. Тој продолжува со политиката за етничка мобилизација на Албанците ставајќи се на чело на тоа етничко обединување во својство на воен команданант на кого Груевски и ДПМНЕ му дадоа амнестија за хашките случаи за какви денес им се суди во Хаг на Хашим Тачи и други команданти на УЧК“, пишува Спасов.

Според него, Ахмети соочен со губењето на монополската позиција во претставување на политичката волја на Албанците сега тој се обидува со валкана игра одново да се ја поврати својата изгубена политичка моќ и позиција.

„Ако лидерите на другите партии на Албанците се толку наивни да наседнат на овие негови трикови, нека им е на здравје.Чудно како Али Ахмети не се сетил на таа средба да го покани и лидерот на СДСМ, партија во која членуваат и за која гласаат многу Албанци. Но за него тие Албанци не се вистински Албанци или не се веројатно доволно големи Албанци како оние што гласаат и што ги полнат избирачките кутии за ДУИ.
Но така се однесуваше и Никола Груевски и видовме како заврши во политиката“, се вели во статусот на Спасов. 

Ахмети пак манипулираАли Ахмети со повик до лидерите на партиите на етничките Албанци во Македонија на заеднички…

Публикувахте от Gjorgji Spasov в Понеделник, 10 август 2020 г.

Слични содржини