Спасов: Имало бугарски фашисти, како што имало и италијански и германски

од Nikola Popovski

Имало ли бугарски фашисти во Македонија во време на Втората светска војна како што имало и италијански фашисти и германски нацисти и фашисти. Имало. И тоа е историски факт запишан во сите светски енциклопедии и историски учебници, смета поранешниот дипломат и универзитетски професор, Ѓорѓи Спасов.

Според него, ако на некој споменик во Македонија пишува дека тој и тој народен херој е убиен од бугарските фашисти во време на Втората светска војна тоа не треба да ги навредува Бугарите освен ако сметаат дека за време на Втората светска војна не постоеле бугарски фашисти и окупатори на туѓи територии туку само “ослободители и администратори”.

-Тие може да сакаат да си ја разубавуваат својата национална историја со бројни фалсификати но ние во име на жртвите во борбата против фашизмот тоа не смееме да го прифатиме, особено не како услов за члентво во ЕУ. Можно е само да допишеме таму кај што треба дека се тоа жртви на бугарските фашисти од време на втората светска војна и ништо повеќе, напиша Спасов на социјалните мрежи.

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека нема да се менуваат учебниците по историја, но ќе се менуваат термините „бугарски фашистички окупатор“.

-Тоа се термини каде што називот на пријателската нација Бугарија е поврзана со фашистички окупатор. Никаде во Европа не се споменува името на нацијата, се спомнува фашистички окупатор, и во тој дух во духот на пријателството, соработка и добрососедство очекуваме тоа да се направи. Имаме препознаено и одредени слабости кај бугарските учебници, спреми се и тие од таа страна тоа да го направат, бидејќи така се гради добрососедство, кажа Заев.

Слични содржини