Спасов: Пираните од СДСМ намирисаа крв

од Nikola Popovski

Универзетискиот професор и дипломат, Ѓорѓи Спасов се огласи по вчерашното обраќање на поранешниот претседател Бранко Црвенковски и реакциите на одредени поранешни политичари кои беа дел од СДСМ.

Според Спасов, Заев од преголема желба за правење нов исчекор во европските интеграции е ранет во својата битка, сам да ја пробие блокадата од Бугарија за започнување разговори за членство во ЕУ.

„Пираните од СДСМ намирисаа крв. Едни од нив се смрзнуваат а други позеленуваат од “патриотски” бес. А до скоро никој и не знаеше дека биле се уште членови на СДСМ“, реагира Спасов.

Поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски смета дека ставовите и тезите искажани во интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС предизвикаа и ќе предизвикуваат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и македонската држава. Поради тоа, Црвенковски смета дека направена е огромна и непоправлива штета и најавува дека ќе го замрзне членството во СДСМ додека партијата не се огради од ваквите ставови, се наведува во изјавата на Бранко Црвенковски испратена до медиумите.

Од СДСМ соопштија дека се изненадени од тоа што по подолго време се јавил Бранко Црвенковски кој најави замрзнување на членството во партијата.

„СДСМ и македонските граѓани избраа иднина и избраа да чекорат напред, многу одамна, а Црвенковски е историја. СДСМ била, е и ќе остане државотворна партија и својата државотворност секогаш ја зајакнувала во вакви исклучително важни моменти“, велат од партијата.

Слични содржини