Спасов за одлуката на Пендаровски: Добро е што во Македонија веќе не може ништо да помине така бесшумно на мала врата

од Nikola Popovski

„Образложението на Пендаровски бара одговор“, вака поранешниот министер за правда и универзитетски професор, Ѓорѓи Спасов на својот Фејсбук профил ја коментираше одлуката на претседателот Пендаровски да не го потпише Законот за легализација на дивоградбите. Тој му го врати на спикерот Џафери со образложение дека е противуставен.

Според Спасов, некој треба да ги образложи мотивите за донесувањето на овој закон и ако не се согласува со наводите на Пендаровски.

„Добро е што во Македонија веќе не може ништо да помине така безшумно на мала врата и што постои разбудена јавност дури и кога „сложните попови во петок мрсат“, објави професорот.

Во случај власта и опозицијата повторно да обезбедат повеќе од 61 глас за донесување на законот без да бидат поправени забелешките, претседателот Пендаровски ќе нема право на ново вето. Во таков случај, следна инстанца би бил Уставниот суд. Антикорупциската комисија веќе најави дека ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за оцена на уставноста на законот за дивоградби.

Слични содржини