Спасовски: Ќе нема човек во СДСМ да ги руши принципите за кои партијата се залага

од Stefanija Kuzmanovska

Функционерот во СДСМ, Оливер Спасовски кажа дека состојбата во партијата е нормална и за секоја поинаква одлука единствено може да се дебатира во рамки на партиските органи. Тој ова го одговори во гостувањето во ТВ24, на прашањето за евентуални несогласувања меѓу функционери во партијата.

„Одлуките се носат во органите, а по тесни кружоци може да се разговара за одредена тема, но тоа не се стратеши одлуки на СДСМ. Како функционер во партијата цврсто ќе се борам за сочувување на единството на партијата и зачувување на принципите за кои партијата се залага. За тоа ќе се дебатира внатре во рамки на партијата. Ќе нема човек во СДСМ да се охрабри да ги руши овие принципи за кои партијата се залага“, рече Спасовски.

Слични содржини