Спасовски: 5 години од катастрофалните поплави кога загинаа 22 сограѓани, никогаш да не се заборави!

од Nikola Popovski

Изминаа 5 години од катастрофалните поплави во Стајковци, Смилковци, Сингелиќ и Арачиново, во коишто животот го загубија 22 наши сограѓани и беа нанесени големи штети, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.

-Денеска животот го вративме во нормала и покажуваме вистинска грижа – со вложување во современа инфраструктура и планско градење, чисти речни корита, нова водоводна мрежа и асфалтирани улици. Иако со тага се сеќаваме на трагедијата, херојството коешто беше демонстрирано секогаш ќе остане во меморијата на општеството како чин на врвна солидарност меѓу граѓаните ширум државата, стои во статусот на Спасовски, во кој што порача „никогаш да не се заборави и никогаш да не се повтори ваква трагедија!“

Слични содржини