Спасовски апелира: Граѓаните да не патуваат надвор од државата

од Берта Китинска

Премиерот Оливер Спасовски денеска преку видео порака на својот фејсбук профил упати апел до сите граѓани да ги одложат патувањата надвор од Република Северна Македонија.

-Секоја држава во регионот и во Европа има свои мерки за заштита и имаме проблем граѓаните да не можат да ги поминуваат границите или да остануваат некаде заглавени на граничните премини, истакнува Сапасовски во пораката.

Тоа , вели тој, дополнително создава проблем за институциите на државата.

Слични содржини