Како приоритетни области за заедничка соработка и поддршка остануваат финансирањето на големите инфраструктурни проекти, инвестиции во обновливи извори на енергија и гасификацијата, како и поддршката на зелената економија, односно на давањето предност на незагадувачките и енергетски ефикасните индустрии, како и придобивките од четвртата индустриска револуција, односно дигитализацијата на услугите за зголемена ефикасност на ресурсите.
– Го поздравуваме ангажманот на ЕБОР во подржување со финансиски средства на нашите напори за успешно исполнување на потребните критериуми и приближување кон ЕУ. Очекуваме дека оваа поддршка ќе продолжи, истакна Спасовски и додаде дека главниот приоритет на владите од регионот е да го забрзаат економскиот раст на земјите од регионот, како и на регионот во целина.
– Поддршката на ЕБОР, во координација со владините економски политики за раст го поттикна и растот на индустриското производство во земјата за осум проценти од формирање на оваа влада, што поттикна раст на компаниите и отворање на нови работни места со што стапката на невработеност се намали за девет проценти, што е историски рекорд за земјата, рече премиерот Спасовски на средбата со највисоките функционери на ЕБОР во Лондон