Спасовски: Да продолжиме да го градиме концептот „Едно општество за сите“

од Nikola Popovski

„Секако дека понатаму мора да работиме забрзано на развојот и трансформацијата на македонската економија која што ќе се приспособи на новите услови на работење во новата нормална состојба која што треба да се врати после завршувањето на кризата со Ковид-19“, изјави Оливер Спасовски на дебатата на ТВ 21.

„И секако дека развојот на економијата ќе значи стварање на еднакви можности или еднакви услови за сите да продолжиме да го градиме концептот „Едно општество за сите“, да вложуваме во инфраструктурата како што тоа го правевме во изминатите три години во ИЕ бр.2 забрзано во сите 10 општини заради тоа што е многу важно и руралните средини, и урбаните средини да имаат еднакви можности, да создадеме еднакви услови на секој еден човек. И да посебно да направиме се што треба да направиме во делот на обезбедување на нови работни места, да ги соочуваме младите во државата. Сето тоа е еден концепт којшто е содржан во програмата на СДСМ и на коалицијата „Можеме“, рече Спасовски.

Слични содржини