Спасовски: Денеска се потсетуваме на еден од најтешките денови во историјата, да не се заборават настраданите

од Берта Китинска

Денеска се потсетуваме на еден од најтешките денови во историјата на нашиот главен град Скопје, кога на 26 јули од 1963 година, пред точно 59 години, во 05 часот и 17 минути, катастрофален земјотрес одзеде над 1000 животи на нашите сограѓани, а многумина останаа без покрив над главата – Скопје беше разрушено, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

– Глобалната помош и поддршка од 87 нации ширум светот го трансформираше Скопје во град на солидарноста, а поуката од тоа ја носиме сите, скоро 6 деценции, дека безбедноста на граѓаните е врвен приоритет и дека само со заедништво можеме да го изградиме општеството за сите. Да не се заборават настраданите, да не се заборави хуманоста на светот!, објави Спасовски.

Слични содржини