Спасовски: Дигитална трансформација на МВР за побрзи услуги до граѓаните и поефикасна полиција.

од Vladimir Zorba

„Во периодот од 2017 до 2022 година МВР реализираше бројни активности во насока на дигитална трансформација на системите и процесите, а сѐ со цел зголемување на ефикасноста како во услугите кон граѓаните, така и во интерните процеси на министерството, но пред сѐ да се одговори брзо на барањата на граѓаните за јавни услуги кои стануваат сѐ почесто барани“, пишува МВР Оливер Спасовски.

„Во оваа прилика би сакал да ја најавам и следната кампања – Дигитална трансформација на МВР за побрзи услуги до граѓаните и поефикасна полиција.

Дигиталната трансформација отвора можности за достапен, транспарентен и респонзивен систем, кој содржи значајни елементи и на борба против корупцијата. Таа е во насока и на зелената агенда, придонесувајќи и кон заштеда на ресурси.

Откако ова раководство стапи на чело на МВР, на стратешко ниво беа поставени активностите во насока на дигитализација и дигитизација, во контекст на реализација на целите коишто беа поставени во потпрограмите за „Развој на полицијата” и „Унапредување на заедничките функции на МВР”: унифициран и брз проток на информации во МВР; подобрување на услугите кон граѓаните и сервисна ориентација на МВР; повисока безбедност и надградба на телекомуникацискиот и информатичкиот систем на МВР, обезбедена квалитетна ИКТ инфраструктура и користење на нови технологии и мерки за информатичка безбедност.

Сето ова, секако, мора да биде придружено со напредна технологија и информациско-комуникациска инфраструктура, како и дигитално обучен кадар.

Мерките и активностите на МВР за дигитализација на услуги и процесите се комплементарни со Програмата DIGITAL, нова програма на ЕУ насочена кон приближување на дигиталните технологии кон бизнисите, граѓаните и јавната администрација“, додава тој.

Слични содржини