Спасовски до младите: Следува рекордна младинска поддршка, вашите раце се потребни да ја доизградиме Европа дома

од Nikola Popovski
Испраќам порака: Новата развојна економија носи шанси за вас младите и ве прави столб на овој процес со којшто Европа ја носиме дома – и затоа да продолжиме заедно по правиот пат, им порача на младите Оливер Спасовски, носител во втората изборна едница на Коалицијата „Можеме“ преводена од СДСМ.
– Влегуваме во фаза на покренување нова брза развојна економија во следните 4 години, со што создаваме животен стандард по европски стандарди, во нашата земја. Со новата развојна економија овозможуваме грантови до 15.000 евра за млади луѓе кои имаат желба и идеја да отворат своја фирма, со што поттикнуваме нови работни места и успешни фирми со коишто вие раководите. За дополнителна поддршка на младите луѓе, обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени млади до 29 години, во првите две години од работењето. Парите одат директно на сметките на младите. Ја продолжуваме мерката: 3.000 денари месечен младински додаток за вработени во производството, за млади лица  до 23 години, со завршено најмалку средно образование, рече Спасовски.
Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, најави Спасовски, продолжува со рекорден буџет за 2020 година од 1.3 милијарда денари.
– Отворивме многу можности за младите посебно со проектот Младинска гаранција преку којшто само во 2020 година, само во првите 6 месеци, до 30 јуни се вработени 2.431 млад човек. Во 2019 преку Младинската ганарција се вработиле 6.036 млади луѓе, во 2018 година – 1.923 лица. Активните мерки за вработување во коишто влегуваат и разни добиени грантови, обуки, ИТ вештини, помогнаа на 14.000 млади до 29 години да најдат работа, да се обучат, да се дообразуваат соодветно, според побарувањата на пазарот на трудот. Со сето ова ја намаливме за 13.3 проценти младинската невработеност во последниве три години, рече Спасовски.
Тој потенцираше дека со поддршката што ја предвидуваат во следните четири години за домашните и странски инвестиции од 600 милиони евра и странските инвестиции од една милијарда евра базирани на орджливост и иновации, огромни потецијали се отвораат за нови вработувања и повискоки плати за младите.
– Градиме иновативна држава, дигитализирана Македонија, праведна, правична и еко држава. Шансите за успех дома ви се на дланка, а вашите раце се потребни за да изградиме европска Македонија.
 Затоа ве повикувам, да им дадеме билет во еден правец на Мицкоски и на режимот што сака обнова, да останат уште еднаш и засекогаш во минатото. А ние, на 15.јули, заедно да продолжиме по правиот пат во сигурна и екомски развиена држава, дома, каде што припаѓаме, рече Спасовски.

Слични содржини