Спасовски до учесниците на пртестите: Без насилство, без креирање тензии и без говор на омраза

од Vladimir Zorba

Доколку сакате да го изразите своето демократско право на јавен собир (протест) апелирам истото да го сторите на достоинствен и мирен протест. Притоа, полициските службеници ќе бидат на должност исклучиво за обезбедување на граѓаните и на виталните државни објекти, а со цел избегнување на немили настани, се вели во денешниот апел на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Уште еднаш, повикувам на одговорно однесување во клучен момент за демократијата. Без обиди за насилство, без креирање тензии и без говор на омраза.

Очекувам редот и поредокот да бидат максимално испочитувани, во духот на европските вредности кои сакаме да ги интегрираме во нашето општество и кои претставуваат двигател за напредок за сите граѓани.

Бидете уверени, ова раководоство на Министерството за внатрешни работи и македонската полиција остануваат посветени на гарантирањето на демократските процеси и на одржувањето на редот, мирот и стабилноста“, порача Спасовски.

Слични содржини