Актуелно
Почетна / Македонија / Спасовски: Доколку Наќе Чулев подобро го менаџираше министерството немаше да има пасошка криза

Спасовски: Доколку Наќе Чулев подобро го менаџираше министерството немаше да има пасошка криза

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска изјави дека владата е запознаена со пасошката криза која се случува во моментот. Тој директно обвини дека за ова е виновен актуелниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев кој според Спасовски наместо со суштински работи се занимавал со неважни прашања.

-Минатата недела беше доставена информација до владата околу целата оваа состојба со недостатокот на пасоши во земјата. Подобро менаџирање, начинот на функционирање внатре во институцијата и повеќе бавење со суштински работи отколку со неважни прашања немаше да доведе во ваква криза, како и да е ние веќе размислуваме како да дојде до конечно решение, рече Спасовски.

Министерот Наќе Чулев пак вели дека одговорноста треба да се бара кај трети луѓе, а вина за ова имал и поранешниот министер за внатрешни работи а сега актуелен технички премиер Оливер Спасовски, како и помошник министерот на МВР.

-Основното јавно обвинителство треба да одлучи кои лица ќе бидат опфатени со кривична одговорност за пасошите. Сигурно тука ќе бидат и други лица освен врвната одговорност. Тука сигурно е и помошникот министер, бидејќи проблемот е и во дел од набавките и информирање за потребата, вели Чулев.

loading...