Спасовски ги посети полицајците кои беа повредени за време на протестите

од Vladimir Zorba

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во ПЦ „Ѓорче Петров” ги посетил полициските службеници кои беа повредени за време на протестите.

Во свое име и во име на МВР, напиша на фејбук профилот минситерот Спасовски, им оддавам признание за припадниците на македонската полиција за пожртвуваноста, посветеноста и присебноста при обезбедувањето на мирот и стабилноста на граѓаните и на виталните државни институции за време на протестите, а воедно да им посакам брзо закрепнување.

Спасовски потсетува дека беа повредени вкупно 54 полициски службеници, од кои 11 потешко повредени, а двајца со сериозни повреди, а притоа би потсетил, напиша, и на фактот дека за време на протестите од страна на полицијата не беа употребени ни пиротехнички, ниту хемиски средства за разбивање на толпата, а со огромно задоволство можам да кажам дека не е повреден ниту еден граѓанин.

Во обезбедувањето на протестите учествуваа припадници на Одделот за специјални полициски операции – ЕБР, ЕОП, како и полициски службеници од СВР Скопје – на сите припадници кои секојдневно учествуваа во работните задачи и спроведување на мерките, кои беа во првите редови, објави министерот, сакам да оддадам посебно признание, за разумните одлуки, за енергичноста, истрајноста, исклучителната посветеност и професионализмот.

– Уште еднаш сакам да потенцирам дека македонската полиција имаше огромна одговорност, бидејќи протестите кои немаат основа, не се пријавени, односно се базираат на пропаганда, секогаш имаат хибридни методи и креираат своја искривена претстава во јавноста. Токму во таа насока би ја потенцирал и поуката од сето ова – што значи напад врз полициски службеник, не само за време на протести, туку генерално. Нападот врз полицаец е напад врз државата и за тоа свеста мора да биде на највисоко ниво, напиша на фејсбук Спасовски.

Слични содржини