Спасовски: Граѓаните да се придржуваат до препораките од Министерството за здравство

од Aleksandar Todeski

Денеска е потврден првиот и единствен случај на коронавирус во Скопје. Пациентот е третиран согласно сите медицински протоколи, а преземени се сите мерки за понатамошен третман, рече премиерот Оливер Спасовски на прес конференција.

„Сите служби се во целосна подготвеност за да реагираат во новонастанатите состојби. Воспоставена е контрола, системите се во целосна подготвеност, нема место за паника. Преминуваме на следната фаза, која значи справување со ваква состојба. Апелирам граѓаните целосно да се придржуваат до препораките издадени од Министерството за здравство, тие постапуваат по препораките од Светската здравствена организација“, рече Спасовски.

Премиерот посочи дека на време му постапиле на ризикот, посочувајќи дека групата која е посветена на коронавирусот и натаму редовно ќе ја информира јавноста, со цел јавноста да биде навремено запознаена.

„Важно е свеста на граѓаните да биде на високо ниво, во смисла на почитување на препораките и во смисла на општествената одговорност“, посочи Спасовски.

Слични содржини