Спасовски: Има кривични пријави за протестот за „Монструм“

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната 30-та седница во Парлементот, посочи дека нема ниту еден настан на кој полицијата не постапувала и поднела соодветни пријави за групирања, по прашањата од опозициските пратеници дека полицијата постапува селективно при групирања на граѓани во услови на пандемија.

„Има кривични и прекршчни пријави за протестот во петокот. Детално ќе информираме утре или задутре врз основа на тоа што ќе биде сработено, завршено до крај од одделот за насилен криминал и Јавното обвинителство. Во ниту еден момент нема состојба во која што не се преземаат дејствија и одредени активности, само се прави една проценка за тоа како и на кој начин да ја сочуваме состојбата на едно задоволително ниво и да не настанат поголеми штети“, изјави Спасовски.

Искршени стакла на Министерствата за надворешни и политички систем, превртени контејнери низ улиците беше сликата по протестот на роднините на обвинетите во Монструм. Ситуацијата ексалираше откако дел од демонстраните извикувајќи УЧК, се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред МНР и да се упатат кон Јавното обвинителство. Навредливи зборови за обвинителката Фатиме Фетаи, нејзина оставка и повторено судење со меѓународен надзор побараа присутните на протестот.

Слични содржини