Спасовски: Има потреба и можност за подобрување на избирачкиот список

од Viktor Jovanov

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во контест на предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат идната година вели дека не е истата ситуација како онаа во 2016 година од причина што сега обвинителството ги поседува информациите и има покренато постапки против злоупотребите кои ги правело тогашното МВР во поглед на вадењето лични карти и пасоши без покритие со цел добивање повеќе гласови на изборите.

-Обвинителството има информации и поведено процес за 36 илјади лични карти, 19 илјади пасоши без покритие, други останати лични карти во Центар, Кичево, Ресен, без решение за жителство изработени од 2011 до 2014 година. Сето тоа говори дека апсолутно не е истата ситуација која ја имавме тогаш и сега, вели Спасовски.

Тој смета дека можност за подобрување на избирачкиот список.

Државната изборна комисија треба да го направи планот за промена на избирачкиот список за потоа истото да биде извршено со помош на МВР, вели Спасовски.

Според актуелниот министер за внатрешни работи од осамостојувањето на државата има многу големи причини за реформи во ова министерство, но како што вели, особено црни години се последните 11 за време на претходната влада.

-27 април е вистински пример колку беше важно да се отпочнат реформите во МВР. Показателите покажуваат дека последните 11 години се најцрните во министерството од 1991 година. Меѓу другото и поради злоупотреба на системите за прислушувањето. На почетокот на мандатот реков дека мора да се направи суштинска реформа и истата да биде кредибилна. Овие реформи во безбедносниот сектор се многу тешки. Ќе има удари од надвор и од внатре, бидејќи на некои луѓе не им се важни реформите туку личниот интерес. Ова што го правиме е за иднината на оваа држава, вели Спасовски.

Слични содржини