Спасовски: Изборите ќе се одржат на 5-ти јули, Комисијата за заразни болести да го разгледа барањето за отворање на границите

од Nikola Popovski

Владата и даде насоки на Комисијата за заразни болести да се разгледа и прашањето за отварањето на границите, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски во Куманово по завршување на  координативна средба на кандидатите за пратеници за Изборна единица 2 од коалицијата на СДСМ.

– Владата даде насокки на Комисијата за заразни болести да се разгледа и прашањето на отварањето на границите заедно и во соработка со Министерството за надворешни работи за да искоординираме и  со соседните држави и со државите од регионот и пошироко. На основа на тоа ќе ги носиме и одлуките. Јас очекувам дека ќе ја донесеме таа одлука многу скоро и ќе можеме да имаме слободен проток на границите, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ја разгледува  можноста за отварање на границите.

Тој рече дека „животот мора да се враќа во нормала и да се научиме да живееме со вирусот“ како што се и претпоставките на сите и на СЗО.

Спасовски посочи и дека вонредните парламентарни избори ќе се одржат на 5 јули, односно по завршувањето на вонредната состојба од 14 дена, кога се исполнува законскиот рок од 22 дена до изборите.

Слични содржини