Спасовски: Ќе станеме Европска Македонија како Македонци со македонски јазик

од Nikola Popovski

Ве уверувам и бидете убедени дека со мудри политики, со многу посветеност пожртвуваност и храброст ќе ги отвориме преговорите за членство на ЕУ и ќе станеме Европска Македонија како Македонци, со македонски јазик и таму ќе се говори македонски јазик, порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Пробиштип.

Тој нагласи дека овој наш став е многу јасен и цврст, од него нема бегање и нема менување, македонскиот идентитет, македонскиот јазик, македонскиот народ е нешто за што не се преговара и најмалку денес опозицијата може да најде замерки, зашто тие не покажаа став, по ниту едно клучно и важно прашање за нашата држава.

-Ние сме таа генерација, која го живее сонот на генерациите кои што ја основаа оваа наша современа држава, покажавме дека ја сакаме нашата држава независна, самостојна и суверена, рече Спасовски.

Слични содржини