Спасовски: Кога ќе има законска можност ќе ги кажеме деталите, инаку ЈО ја води истрагата за Мијалков

Во Јавното обвинителство, комплетно се води истрагата и сите активности кои сме задолжени да ги спроведеме, да дојдеме до докази и сл, ги пријавуваме и носиме во јавното обвинителство, посочи денес министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски осврнувајќи се на бегството на Мијалков.

„Кога ќе има законска можност да бидат споделени со јавноста овие детали, сигурно дека тоа ќе биде направено“, истакна Спасовски во рамки на одговор за новинарско прашање, во рамки на својата посета на Секторот за внатрешни работи Куманово и на увид во градежните активности на објектот.

Слични содржини