Спасовски: Мицкоски ја поддржуваше Комисијата за заразни болести, за после два дена да го промени мислењето

од Nikola Popovski

Техничкиот премиер и носител на ИЕ2 на СДСМ, Оливер Спасовски за емисијата „Само вистина“, изјави дека на овие избори нема избор.

„Едната опција е коалицијата „Можеме“ која што гарантира јасна перспектива, јасна визија за тоа што е направено и каде треба да се движи државата, а другата опција е сигурна опасност, враќање назад и враќање кон опасноста“, вели Спасовски.

Според него, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажуваат конзистентност само во една работа – немањето ставови.

„Јас не видов во изминатите три години по кои важни прашања за државата Мицкоски имаше став, освен по тоа дека треба да ги штити криминалците и да опстојува на режимската политика. На една од лидерските средби Мицкоски го пренесе ставот дека тој и партијата до крај ја поддржуваат Комисијата за заразни болести во справување со кризата, за да после два дена го смени мислењето.

Слични содржини