Спасовски: Мора да се научат фирмите и сопствениците дека не секогаш е најважен профитот, некогаш треба да се општествено одговорни

од Viktor Jovanov

Секој гледа да профитира од оваа криза. Секој што мисли дека ќе добие профит врз грбот на граѓаните, нема да има успех. Нашиот здравствен систем има доволен број на заштитни маски и опрема. Факт е дека тие маски, таа заштитна опрема мора да се употребува според правилата и алгоритмите. Според тоа што го кажува науката, изјави техничкиот премиер, Оливер Спасовски.

-Тој шти мисли да профитира и да излегува со политички панфлети нека излегува. Тоа е лошо во оваа ситуација. Мора да научат фирмите и сопствениците дека не само треба да се прави профит, туку понекогаш треба да се општествено одговорни и да се помогне. Тоа е исто толку вредно како и профитот. Сите мислат дека државата треба се да даде, а другите ништо, сега е време кога сите треба да дадат и помогнат, вели Спасовски.

Во однос на медицинскиот персонал кој е заболен од коронавирусот, Спасовски вели дека тие не се заболеле во контакт со пациентите, туку од надвор.

Велат дека секој морал да оди во скафандери, ние сме познати по тоа дека ние знаеме се. Оние лекари кои се заболени, не се заболени од болница, туку од надвор, некои од нив биле во контакт со директори на компании кои биле надвор од државата. Нови 500 илјади маски пристигнуваат, тие ќе одат за здравствените работници, полицијата, војската. Се тоа е ставено во функција за одржување на системот, вели Спасовски.

Слични содржини