Спасовски: МВР од утре продолжува со печатење и издавање на лични карти со новите обрасци

од Vladimir Zorba

Владата на РСМ на денешната седница го прифати предлог решението на МВР за проблемот со лични карти. МВР од утре продолжува со печатење и издавање на лични карти со новите обрасци, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Спасовски вчера ги повика, како што рече, „тие што се платени од граѓаните да ја вршат работата, да го изгласаат Законот за лични карти, бидејќи овој проблем покренува многу проблеми во секојдневното функционирање и мора да бараме излезно решение за да граѓаните ги остварат своите права“.

Премиерот Зоран Заев истакна дека решението на ова прашање треба да се бара со почетокот на работата на парламентот да се изгласаат законските измени во септември или со донесување соодветни одлуки или правилници да се овозможи гласање со истечени лични карти.

„Законот е блокиран од Левица со амандмани, иако политичката партија БЕСА беше доволно флексибилна амандманот за етничката определба на граѓаните во личните карти да го поднесе со одложено дејство од 2023 година, очекувајќи Европа да се изјасни за ова прашање. За мене ова е флексибилност на една сериозна партија како БЕСА, но Левица одлучи да го блокира законот. За жал поради ваквата блокада трпат граѓаните. Не се издадени преку 40.000 лични карти. Имајќи предвид дека вака е заглавено ова решение, првата можност е со работа на парламентот од 1 септември да се донесе законот и да се издадат тие лични карти, вели Заев.

Слични содржини