Спасовски: МВР патролно ги обезбедува сите училишта 24 часа

од Nikola Popovski

МВР од првиот момент интензивно работи. Ова не е активност со која може да се справи само МВР и затоа се формираше тој работен тим во рамките на Владата, во кој што влегуваат сите институции, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за електронски комуникации и секој од свој аспект има активности кои што треба да бидат преземени, изјави синоќа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски запрашан дали полицијата размислува за 24-часовно обезбедување на училиштата после зачестените дојави за бомби.

Министерот додаде дека се работи интензивно во периодот и донесено е посебно ново упатство во согласност со приликите.

-Од утре веќе се дадени одредени насоки. Работиме заедно со МОН и ќе се започне комуникација со нашите сектори во МВР со образовните институции. Дали ќе треба 24-часовно обезбедување на школите каде што нема…Во моментов ние патронално 24 часа ги обезбедуваме сите училишта, но упатството е такво кое укажува дека веднаш по дојавата мора да се преземаат потребните мерки, одговори Спасовски.

Тој посочи дека писмено се обратиле до одредени институции – со прашање кои мерки ги имаат преземено од она што е во делот на нивната надлежност.

-Доколку има институции кои не преземале одредени активности од своја надлежност, а биле должни да ги преземат, ќе го известиме и Јавното обвинителство. Оваа битка е битка на секој еден во институциите и сите заедно мора да работиме, потенцира првиот полицаец.

Слични содржини