Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / Спасовски на комеморативна академија за Холокаустот: Никогаш да не се заборави геноцидот над еврејскиот народ (ВИДЕО)

Спасовски на комеморативна академија за Холокаустот: Никогаш да не се заборави геноцидот над еврејскиот народ (ВИДЕО)

На комеморативната aкадемија покрај премиерот Спасовски во владината делегација присуствуваа и заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски и дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ.

Премиерот Спасовски истакна дека Холокаустот е најголемото злосторство во современата историја на човештвото кога во логорите на смртта, за време на Втората светска војна, беа погубени над 6 милиони Евреи, и потсети на 7.144 Евреи од Скопје, Битола и Штип кои во март и април 1943 година беа депортирани и убиени во логорот на смртта Треблинка, што претставува трагедија длабоко вкоренета во колективната меморија на нашиот народ.

Премиерот Спасовски посочи дека резултатите што Република Северна Македонија ги остварува на планот на сеќавањето, едукацијата и истражувањето на Холокаустот неодамна беа соодветно вреднувани и во меѓународни рамки.

Тој информираше дека на пленарните состаноци на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот – ИХРА, одржани минатиот декември во Луксембург, беше донесена едногласна одлука за прием на нашата земја како придружна членка, што пак претставува преодна фаза кон полноправно членство во оваа меѓународна организација.

„Бевме помеѓу првите земји кои ја усвоија работната дефиниција на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот – ИХРА за антисемитизмот, а во план е и усвојување на работната дефиниција за негирање и за искривено толкување на Холокаустот, како и превод на македонски и албански јазик на најновите препораки на ИХРА за предавањето и учењето за Холокаустот“, истакна премиерот Спасовски.

loading...