Спасовски: Напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки нема да се толерираат!

од Aleksandar Petrovski

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека денеска заедно со министерот за здравство Венко Филипче и директорот на БЈБ, Сашо Тасевски го посетиле повредениот колега, полициски службеник во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Имено, полицискиот службеник додека извршувал службени дејствија во областа на сообраќајот на бул.„Борис Трајковски“, во близина на фабриката ОХИС, беше удрен и повреден со возило „цитроен берлинго“, управувано од А.Д.(19) и сопатник К.М.(21), кои побегнале од местото.

По насока на Јавен обвинител двете лица се пронајдени, приведени и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-Се надеваме дека повредениот полициски службеник што поскоро ќе закрепне и ќе се врати повторно да им служи на граѓаните.

Уште еднаш би сакал да нагласам дека напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки нема да се толерираат, а насилниците мора да одговараат!, посочи Спасовски.

За жал и денеска заедно со министерот Венко Филипче и директорот на БЈБ Сашо Тасевски посетивме наш колега во Комплекс…

Публикувахте от Oliver Spasovski в Събота, 26 септември 2020 г.

 

Слични содржини