Спасовски: Напредокот на Македонија и благосостојбата на граѓаните нераскинливо се поврзани со безбедносната состојба

од Берта Китинска

Република Северна Македонија најбезбедна држава на Западен Балкан, од 71 место за неколку години државата сега е на 40 место во светот.Цврсто сум уверен дека напредокот на Република Северна Македонија и благосостојбата на граѓаните нераскинливо се поврзани со безбедносната состојба, напиша на својот Фејсбук, министерто за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со извештајот на Институтот за економија и мир во кој стои дека  Северна Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан.

-Денес, професионалноста и посветеноста се водилка во креирањето на успешните стратегиски политики за развој на безбедносниот систем во државата.Посветено работиме и продолжуваме со реформите и опремувањето на полицијата за понатамошно зајакнување на капацитетите и имплементацијата на европските стандарди, сѐ во интерес на граѓаните. Резултатите се гледаат и од истражувањата односно анкетите, но и од статистиките кои покажуваат намалување на криминалитетот. Продолжуваме понатаму со несмалено темпо, во служба на граѓаните, напиша Спасовски.

Слични содржини