Спасовски: Наводното купување на пратеници е уште една небулоза на Мицкоски

од Берта Китинска

Небулозни се обвинувањата од страна на опозицијата за купување пратеници, вели премиерот и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски потенцирајќи дека ќе нема нови избори.

– Наводното купување на пратеници е уште една небулоза на Мицкоски од спектарот небулози кои секојдневно ги кажува. Ние сме сериозни и така ќе се однесуваме и при формирањето на владата. Низ разговор, низ дијалог, со прифаќање на принципите за кои се залагаме, тоа ќе биде основа на која ќе побараме поддршка од пратениците во македонското собрание. Очекувам тоа да се случи многу скоро по формирањето на македонското Собрание – рече Спасовски за „Утрински брифинг“.

Слични содржини