Спасовски не дава оставка, има сознанија за Мијалков?

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски има сознанија во врска со бегството на екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков кои ќе ги сподели на денешната прес-конференција.

Веројатно поради досегашните информации кои ги има за случајот, нема да поднесе оставка, дознаваме од наши извори.

Претходно неколку медиуми споделија дека премиерот Зоран Заев порачал случајот да се реши што е можно побргу и да се пронајде Мијалков. На средбата Заев побарал сите страни, секоја според своите овластувања, да преземат максимални и ефикасни мерки за негово пронаоѓање.

Се смета дека Мијалков се уште е во земјава.

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по екс директорот на УБК Сашо Мијалков, кој од неделата е недостапен за полицијата. МВР распиша меѓународна потерница по екс директорот на УБК.

Слични содржини