Спасовски: Не фалат обрасци за лични карти системот е добар, само треба да се изгласа Законот

од Берта Китинска

Не фалат обрасци за лични карти, системот е добар, само треба да се изгласа Законот за лични карти, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Не обвинувам, само ги повикувам тие што се платени од граѓаните да ја вршат работата, да го изгласаат Законот за лични карти, бидејќи овој проблем покренува многу проблеми во секојдневното функционирање и мора да бараме излезно решение за да граѓаните ги остварат своите права.Апелирам секој еден одговорно да пристапи, член на Парламент, Влада или локална самоуправа, да им служи на граѓаните за да може да работиме, објави Спасовски

Слични содржини