Спасовски: Не ја исклучувам можноста за воведување на повторно рестриктивни мерки

од Aleksandar Petrovski

-Сведоци сме дека вчера ниту угостителските објекти не почитуваа дел од протоколите, но и граѓаните. Бројките на новоинфицирани случаи се аларм и апел да се почитуваат сите мерки и протоколи.

Упатувам апел до граѓаните, се’ со цел заеднички да си помогнеме во намалување на рестрикциите. Меѓутоа, не ја исклучувам можноста до воведување на повторно рестриктивни мерки, особено во општини каде има вакви тенденции. Непочитувањето на мерките ќе се санкционира од инспекциите, напиша премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.

Слични содржини