Спасовски: Нема да дозволиме влез на мигранти

од Stefanija Kuzmanovska

Техничкиот премиер на РСМ, Оливер Спасовски, денеска изјави дека земјава ќе има нулта толеранција во однос на транзитот на мигранти.

– Државата нема да дозволи влез на мигранти. Тоа е политика и на сите земји во регионот. Транзитот повеќе не е опција, а ситуацијата се следи. Засега е стабилно и немаме никакво зголемување на мигранти коишто би можеле да се обидат да влезат. Меѓутоа, ставот е дека ќе имаме нулта толеранција, изјави Спасовски.

Коментарот следи по приливот на мигранти од Блискиот исток, помеѓу границата на Турција со ЕУ.

Министерот за внатрешни работи Наке Чулев денеска изјави дека на јужната граница ситуацијата е стабилна.

Слични содржини