Спасовски: Нема кинење казни и Заев, Филипче и мојот татко си ги платија

од Берта Китинска

Во однос на тоа што се пари со запленетата дрога каде се чува сета стока која е одземена агенција за одземен имот бидејќи сето тоа е доказна постапка. Дрогата најчесто доаѓа од Албанија, а се извезува накај западот, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Студио 10.

Во врска со казните за сообраќајните прекршоци министерот за внатрешни работи ввели дека многумина пробале да се јават за да се скине казната, но тоа не е дозволено.

-Пробале многу да се јават за кинење казни, но кај мене не може да помине тоа. Јас сметам дека ако сме одговорни, тоа не смееме да го дозволиме. Заев, Филипче, Николовски, но и мојот татко си платија казна кога направија сообраќаен прекршок. Ги охрабрувам полицајците да го санкционираат секој прекршок.Нема потреба да имаат страв да напишат казан, мојата задача е да ги охрабрам тоа да го сторат, важно е да се почитуваат законите,вели Спасовски.

Слични содржини