Спасовски: Нема никој дома да ни дојде, да не понижува нас, македонските граѓани

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Утрински печат“, а во врска со најавените провокации од Бугарија за чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев кажа дека тој како министер за внатрешни работи нема да дозволи понижување на македонскиот народ!

„Во никој случај и од било кого, најмалку некој што доаѓа од надвор. Ние сме гостопримилив народ, кој знае да укаже чест и почит, но мора да бидат возвратени. Нема никој дома да ни дојде, да не понижува нас, македонските граѓани. Институциите работат и се прибираат информации кои значат дека ова очекување на граѓаните ќе биде реализирано“, рече Спасовски.

Тој истакна дека нема никаква потреба од какво било организирање на граѓаните за блокади на патиштата или ноќни стражи на денот на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев, затоа што тука се институциите на системот.

„Апелирам до сите на едно мирно, достоинствено чествување, а државата, МВР и безбедносните служби се тука да направат се и да обезбедат мирни услови“, потенцира Спасовски.

Слични содржини